Бугарското МНР побара од Еди Рама да биде попристоен со изјавите, тој им рече дека мора да го трпат таков каков што е

Објавено во: Балкан 24 Јуни, 2022
Бугарското Министерство за надворешни работи побара од премиерот на Албанија, Еди Рама, да биде попристоен и „да зборува на соодветен јазик на политичар на земја кандидат за членство во ЕУ“ по изјавите кои ги даде за време на Самитот за Западен Балкан во Брисел.
На ова веднаш возврати албанскиот премиер во негов стил и им порача дека ќе мора да бидат, како што рече, трпеливи со него доколку не биде тргнато ветото за евроинтеграција на Македонија.
„Ох! Бугарското Министерство за надворешни работи има проблем со мојот говор! Многу точно! И јас имам едно прашање, а тоа е како Бугарија ќе ги решава билатералните прашања користејќи го процесот на проширување како средство за киднапирање на две земји членки на НАТО!. Пријатели смирете се: тргнете го ветото или бидете трпеливи со мене!“ напииша Рама на Твитер.
Претходно бугарското МНР изјавите на Рама ги оцени како премногу остри, а албанскиот премиер го оценија како „ексцентричен политичар“.
„Не е првпат да слушаме остри, провокативни, навредливи квалификации од шеф на влада. Таков низок јазичен регистар повеќе не може да се оправда со природата и немањето европски комуникациски вештини“, стои во реакцијата на МНР.
Можеби ќе ве интересира
ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ХВАР! Маж загина, пожарникарите се борат со огнените јазици (Видео)

ДВЕ КАФИЊА, СОК И ВОДА, ИЗГОР СМЕТКА, брачен пар седнал на пијачка на Златибор и платил над 100 денари само за вода!

ТРГНАЛЕ НА СВЕТО МЕСТО, НО „ЗАВРШИЈА“ ВО ПЕКОЛ, во несреќата на полскиот автобус во Хрватска патувале верници

ПРИШТИНА ЈА ОСЛОБОДИ РУСКАТА НОВИНАРКА, претходно се закануваа дека ќе ја предадат на Украина

Косовската полиција ја уапси руската новинарка Дарија Асламова

Меѓу загинатите во Хрватска три католички свештеници и шест калуѓерки

Возачот заспал, 11 починати и 34 повредени во автобуската несреќа во Хрватска
