19 Април, 2024
0.0840

БУГАРСКОТО ВМРО: „Грци, не сте сосема во право за името Македонија“

Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Внатрешна македонска револуционерна организација (ВМРО) - Бугарско национално движење од соседна Бугарија го објави својот став во врска со денешните протести во Солун поради името на Македонија. Партијата смета дека Грците „не се сосема во право“ во спорот меѓу нашата земја и Грција.

„Ние, Бугарите, природно стоиме зад нашите браќа во Македонија во спорот за името. И ние сакаме решение на овој спор. Но, без гневови. Никој не може да ги лиши луѓето од Македонија да го користат името, што го користеле нашите заеднички предци“, се вели во соопштението.

Според нив, мора да се најде компромис во ситуацијата.

ВМРО вели дека нема причина зошто зборот Македонија треба да биде целосно исклучен во име на младата држава. „Го разбираме аргументот дека Македонија не е само Скопје, но не разбираме зошто некој сака Македонија да не биде присутна воопшто. Дури и во комплицирана комбинација.“

Според партијата, и тие во Бугарија можат да пројавуваат претензии кон овие имиња и места. Но, не го прават тоа, бидејќи веруваат дека „патот денес е другарство и великодушност, не камен на сопнување„. Тие цврсто веруваат дека не може да се толерира дека денешната Грција сака дефинитивно да го асимилира името на Македонија.

А по повод грчките претензии, со насмевка ќе потсетиме и оној прост одговор на Вазов: "Македонија е наша!", пишува уште во ставот на ВМРО, пренесуваат бугарските медиуми.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите