Бујар Османи: Договорот за добрососедство е поважен и посилен од Меморандумот на Бугарија
Објавено во: Македонија 19 Септември, 2020
Бујар Османи, министерот за надворешни работи, на денешната прес-конференција рече дека идентитетските прашања не може да се дел од билатерални спорови, коментирајќи го Меморандумот на Бугарија упатен до земјите-членки на ЕУ.
„Спорот е за историските фигури, па тоа треба да го решат историчари. Прашањето за јазикот и други идентитетски карактеристики е право кое не може да се спори Комисиите на историчари од Мешовитиот комитет да седнат веднаш и да продолжат таму каде што застанале. Нема друг начин. Секој друг е враќање назад. Тоа е превземена обврска од договорот за добрососедство и понатамошните односи со Бугарија ќе течат преку инструментите од тој договор“, рече Османи, одговарајќи на новинарско прашање.
Тој дополни дека веќе се издадени инструкции на сите наши дипломати како да ги искажуваат своите ставови, но дека не смееме да влеземе во еден маѓепсан круг и да предизвикаме негативни реакции.
„Како што мудро стигнавме да одлука за започнување на преговори, така и ќе ги започнеме преговорите со ЕУ“, смирува Османи.