20 Април, 2024
0.0276

Бујар Османи: Има разлики со Бугарија во очекувањата од договорот, се договоривме да формираме работни групи

Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Бујар Османи, министерот за надворешни работи, на денешната прес-конференција пред медиумите рече дека помеѓу Македонија и Бугарија постојат разлики во очекувањата од Договорот за добрососедство и дека за таа цел се формирани работни групи за да се надминат овие разлики.

- При мојата посета на Софија разговаравме за сите прашања, за разликите во очекувањата од договорот. Констатиравме дека од договорот има разлики во нашите очекувања. Се договоривме да формираме работни групи од двете министерства за надворешни работи кои на дневна основа ќе разгопвараат во однос на различните интерпретации на одредени решенија, рече Османи.

Шефот на македонската дипломатија вели дека од тогаш тие работни групи комуницираат на дневна основа и разговараат за дилемите

- Разговаравме околу дилемите околу новото кратко име, дека не означува територијална претензија, дека и долгото и краткото име не дефинираат териттериторијални претензии. Ние сме подготвени да ги реафирмираме прашањето дека немаме никакви други интенции, додаде Османи, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој дополни дека договорено било и да се подобрат логистичките околности за билатералните комисии за историски и образовни прашања да дојдат до решенија.

Во однос на последните барања на бугарските политичари да се променат плочите на спомениците каде пишува „бугарски фашистички окупатор“, Османи рече дека за тоа прашање треба да разговараат комисиите, а не политичарите.

- Би било добро да се дојде до реципрочно ублажување на тонот на историските прашања, но за тоа решение треба да најдат комисиите, бидејќи ако најдат политичарите, тоа ќе биде во иднина секогаш оспорувано, наведе министерот.


Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра