Бујар Османи: Имам право да објавувам огласи пред референдум
Објавено во: Економија 12 Август, 2018
Вицепремиерот на Владата и главен преговарач со ЕУ, Бојар Османи, за Телма истакна дека се консултирал со законските прописи и дека имал право да објави огласи за 200-тини отворени работни места во државните агенции, институции и администрација.
- Тоа се веќе објавени огласи кои јас само ги прикажав на мојот фејсбук-профил. Се распрашав за тоа дали има некое законско прекршување и увидов дека нема ништо спорно во тоа. Активностите на Владата на РМ не запираат кога има референдум, па така истото важи и за тоа кога се вработуваат нови лица. Ситуацијата за парламентарни, претседателски и локални избори не важи кога станува збор за референдумско изјаснување - изјави Османи.
„Во Армијата ќе се вработат 125 лица, во министерството за образование тројца, 34 места има во Централниот регистар, 8 во Владата, 9 во Државниот архив. Заводот за статистика ќе добие нови 22 вработени. 7 нови вработувања ќе има во МРТ, 24 во општина Центар, 2 во зоолошката градина, 13 во Јавното претпријатие за државни патишта. Платите се движат од 20 до 50 илјади денари“, се пофали претходно Османи на Фејсбук
Новите работни места се отвораат во време кога е распишан референдум што го наметнува прашањето дали е етички имајќи ја предвид забраната за распишување огласи во време на предизборие.