29 Март, 2024
0.0679

Бујар Османи: Нуредини знае да менаџира со проекти

Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Бујар Османи, вицепремиерот за евроинтеграции и воедно портпарол на ДУИ, тврди дека сите министри од владиниот коалиционен партнер се помлади од 40 години и дека Насер Нуредини, кој го превзема министерството за животна средина од Садула Дураки, е експерт за проекти, нешто што бара темелен пристап, според него, во овој ресор.

Османи смета дека менаџерските способности на Нуредини, кој не е член на ДУИ, се неговиот главен адут и дека тој е експерт за „реализација на компелсни проекти“. Нуредини е инвестициски банкар и финансиски советник за банкарство во Лондон и во Виена. Досегашниот министер за животна средина Дураки ќе биде на чело на новото министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

- Најкомплексните ИПА проекти се во ресорот животна средина, вели Османи во изјава за „Призма“. 

„Од петте министри на ДУИ, четворица се под 40 години, што значи млади и нови кадри, речиси сите образовани надвор, во европски центри. Дураки е искусен политичар, кој во Владата е носител на институционалната и политичка меморија на ДУИ, и ќе има за цел да ја изгради новата институција за политички систем и односи меѓу заедниците, која е наследник на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор. Имајќи предвид дека Дураки е учесник во донесувањето на Рамковниот договор, најдобро и го разбира духот и целта на истиот. ДУИ прави комбинација на искуство и млада енергија во еден ефикасен мозаик кој испорачува“, додава Османи.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот