Бујар Османи положи цвеќе пред училиштето „Владислав Рибникар“ каде беа убиени девет деца

Објавено во: Македонија 25 Мај, 2023
Министерот за надворешни работи Бујар Османи како претседавач на ОБСЕ во Белград положи цвеќе пред училиштето „Владислав Рибникар“ и им оддаде почит на жртвите убиени на 3 мај.
Во ова училиште во масовно пукање беа убиени десет лица. Во пукањето во училиштето на самото место убиени беа чуварот и осум деца, а едно девојче на 15 мај им подлегна на повредите здобиени во училиштето кога во неа пукаше ученикот Коста К. (13).
-Овие промени сите ги чувствуваме. Соочени со оваа незамислива трагедија, клучно е да се здружиме да ја споделиме загубата и болката и да ги поддржиме најпогодените. Само на тој начин ќе потврдиме дека сме подготвени да спречиме вакви страшни инциденти да се случуваат во иднина, напиша Османи на Фејсбук.
Османи додаде дека семејствата на ѓртвите не се оставени сами на себе, иако нивната тага е неизмерна и загубата ненадоместлива.
-Заедно со ОБСЕ нудиме утеха, сила и солидарност на нацијата обединета во колективната тага. Споменот на жртвите нека биде поттик за сите нас да работиме напорно за побезбедна иднина, каде што училиштата се симбол на знаење и пријателство, порача тој.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Aко нема уставни измени, државата ќе влезе во изолација

Змија е фотографирана на паркинг во центарот на Скопје

(ВИДЕО) Пристигнаа новите оклопни возила набавени од САД

Ковачевски: Ако не се случат уставните измени, наместо интеграција ќе имаме изолација

Министерот за здравство ги повика хирурзите да работат во недела за да се намали листата на чекање

Гостиварец платил 10.000 евра со цел неговото семејство да не дознае дека има љубовница

Благој Бочварски казнет со 150 евра за вработувањето на сопругата и нејзината сестра во болницата во Штип
