20 Април, 2024
0.0284

Бујар Османи со објаснување за критериумите од Бундестагот: Тие се добри за нас

Објавено во: Македонија 26 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи објасни дека критериумите кои германскиот Бундестаг ги постави за Македонија непосредно пред изгласувањето на позитивна одлука за старт на преговорите со ЕУ не претставуваат ништо ново, односно не се нови условувања и дека тие се позитивни за нашата земја. Гласањето е закажано во 19.30 часот и се очекува германскиот парламент со апсолутно мнозинство да го одобри Датумот за преговори на Македонија со ЕУ.

„Во овој текст нема ништо ново од тоа што го предвидува самиот тек на преговорите, но сметам дека намерата на пратениците е да им укажат на скептиците дека ова ќе биде мониториран процес со многу условувања и само ако се исполнат условите ќе можат еден ден да станат членки на ЕУ“, вели Османи за Дојче Веле.

Според него, документот е одлична рефлексија на состојбите во државата и, како што вели тој, валоризација на тоа што сме го направиле во последните три години. Од критериумите објавени од Бундестагот суштината што може да се заклучи е дека Македонија нема да биде примена во ЕУ се додека целосно не ги затвори сите поглавја од преговорите.

Во нацрт-документот кој ќе биде ставен на гласање пред германските пратеници се наведуваат и критериуми на кои земјата ќе мора да продолжи да работи во текот на преговорите, а кои се дел и од процедурата која ја налага самата ЕУ. Меѓудругото: продолжување на реформските процеси, зајакнување на владеењето на правото и на борбата против организираниот криминал и корупција. Покрај тоа примарни би биле и темите темите за функционални демократските институции, реформа на јавната администрација, економски развој и конкурентност, добрососедски односи и регионална соработка, слобода на печатот и медиумите, права на најранливите групи и припадници на малцинствата и активно граѓанско општество.

Бундестагот бара од германската Сојузната влада во рамки на преговорите да обезбеди дека ќе се гарантира продолжување на реформите и дека земјава ќе мора да продолжи да вложува значителни дополнителни напори за исполнување на критериумите за членство. Се бара и Еврокомисијата и Европската служба за надворешни работи редовно да информираат за напредокот на реформите за време на пристапните преговори, како и Федерална влада, вклучително и од нејзините дипломатски мисии, се додава во документот.. Приоритет треба да бидат поглавјата 23 за правосудство и основни права и 24 за судство, слобода и безбедност со јасно утврдени рокови и цели, чие исполнување ќе биде предуслов за отворање нови поглавја.

Споредбата на предлог-одлуките за Северна Македонија и за Албанија што вечерва треба ги донесе Бундестагот покажува дека кај владејачките партии во Германија постои согласност дека земјава безусловно треба да добие датум за почеток на преговори на Европскиот Совет на 17 и 18 октомври додека од Албанија, за старт на преговори, се бара завршување на серија задачи.

Во предлог-одлуката за С. Македонија пишува дека Бундестагот дава согласност за германската влада на следниот Европски Совет да биде „за“ отворање пристапни преговори со земјава. Притоа нема никакви дополнителни услови до почетокот на преговорите.



Можеби ќе ве интересира

ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА ЧЕКА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ПАЛЕВСКИ: Дали Анкара пратила 5 барања за случаите на „ФЕТО“?

ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА ЧЕКА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ПАЛЕВСКИ: Дали Анкара пратила 5 барања за случаите на „ФЕТО“?

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите