25 Април, 2024
0.0294

Бујар Османи: Средбата Заев Ахмети беше надежна, Еленовски нема да биде премиер

Објавено во: Македонија 07 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Апсолутно не е точна информацијата дека Лазар Еленовски ќе биде премиер.

Ова го изјави вицепремиерот во заминување од ДУИ, и портпарол на партијата, Бујар Османи, во своето гостување во вестите на Сител. 

„Ние си имавме кандидат за премиер на изборите и таквите шпекулации се со намера да и наштетат на ДУИ и да му наштетат на процесот. Во моментот кога ќе има нешто конкретно, граѓаните ќе бидат информирани. Мислам дека постои едно оптимално решение, кое ќе биде во интерес на граѓаните и на државата“, рече Османи. Тој апеираше јавноста да ги почека офицјалните информации од партиите.

Според него, ДУИ првично разговарала со нејзините „сегашни партнери со кои бевме три години во коалиција“, но не ја исклучуваат ниту опцијата на разговори со сите политички партии.

„Сметаме дека е здраво да се разговара со сите со цел да се разгледаат ставовите на сите политички партии, за да се дојде до едно одржливо решение со цел побрзо формирање на институциите. Претседателот Али Ахмети го води овој процес и не ги исклучува сите политички партии во разговорите“, нагласи Бујар Османи.

А за ТВ 21 тој потврди дека денеска стартувале официјални преговори меѓу лидерите на ДУИ, Али Ахмети и на СДСМ, Зоран Заев. Средбата, според него, била конструктивна и надежна за успешен епилог, но не и одлучувачка за таков епилог. За време на денешниот состанок најмногу се разговарало за враќање на изгубената доверба за време на изборната кампања. За шансите да се договорат за премиер Албанец, Османи вели дека ќе треба да се почека и дека не е коректно доколку ги објават сите позиции.

Можеби ќе ве интересира

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот