БУЈАР ОСМАНИ: Ве молам погледнете го видеото како се пренесува вирусот на заеднички ручек
Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2020
Вицепремиерот
и шеф на владиниот кризен штаб, Бујар Османи, во обид да ги натера граѓаните
сериозно да разберат дека корона вирусот многу лесно се пренесува при семејни
ручеци и вечери по втор пат сподели видео на својот профил на Фејсбук.
-По
втор пат го објавувам ова видео. Како за 30 минути се пренесува вирусот кај
сите присутни на заеднички ручек или вечера.
Ве молам погледнете го, пишува Османи во објавата.