Бујар Османи во Познањ најде пари за автопатот Скопје - Блаце
Објавено во: Финансии 03 Јули, 2019
Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи се пофали дека во полски Познањ, каде се одржуваат средбите во рамки на Берлинскиот процес, пронашол финансиер на автопатот Скопје - Блаце.
„Како координатор на проектот за имплементација на автопатот Скопје - Блаце, ми претставува вистинско задоволство што на претстојната Конференција за Западниот Балкан во рамки на „Берлинскиот процес“ во Познањ, Полска, меѓу останатите,, обезбедивме и кофинансирање на проектот Скопје - Блаце со 26,7 милиони евра, средства од WEBIF“, објави Османи.
Автопатот „Арбен Џафери“ во Косово на крајот од мај беше пуштен за сообраќај. На свечетото отворање присуствуваа голем број на владини делегации и дипломатскиот кор, како и делегација од Македонија предводена од премиерот Зоран Заев.