29 Март, 2024
0.0270

Објавени коефициентите за Нобеловата награда за мир: Заев и Ципрас со поголеми шанси од Папата, со помали од девојчето Грета

Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber


Според букмејкерите на „Ladbrokes“, кои ги објавија коефициентите, односно шансите за добивање на Нобеловата награда за мир, македонскиот и грчкиот премиер - Зоран Заев и Алексис Ципрас со заедничка номинација се наоѓаат на петтото место кај фаворитите за победа оваа година.

Шансите на двајцата премиери по вложените напори за склучувањето и реализацијата на Преспанскиот договор.се 6 отсто, односно за вложени 100 евра за победата на Заев и Ципрас, добивката ќе биде 1.800 евра.

Најголеми шанси за победа тинејџерката од Шведска, Грета Тунберг, со 33 отсто. Тоа значи дека за вложени 100 евра, добивката би била 300 евра. За Тунберг светот дозна кога таа започна штрајк со неодење во школо за климатските промени пред зградата на шведскиот парламент минатиот август, а нејзините пораки се мошне влијателни во светот.

Пред Заев и Ципрас, се уште и премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, кој е популарна по тоа што руши стереотипи, додека на третото и четвртото место се организацијата за бегалци УНХЦР и „Репортери без граници“.

За утеха на Заев и Ципрас е тоа што зад нив е Папата Франциск на шестата позиција според шансите.

Некои други букмејкери им даваат шанси и на претседателот на САД, Доналд Трамп, и канцеларката на Германија, Ангела Меркел, но со помали коефициенти.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење