Бунтовниците соборија сириски воен владин авион
Објавено во: Свет 15 Август, 2019
Соборен е воен авион на сириската влада.
Воен авион на сириската влада се урна во провинцијата Идлиб, откако беше погоден од бунтовничка група. Веста ја соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.
Авионот е соборен над Кан Шејкун, град под контрола на бунтовниците, но кон кој напредуваат провладините сили, пренесува Ројтерс.
Џихадистичката група Тарир ел-Шам соопшти дека урнала авион над Идлиб. Таа група соопшти дека станува збор за авион „сухој 22“.
Во соопштение објавено на Телеграм џихадистичката група вели дека воениот авион е соборен во близина на градот Ел Таманаха во јужниот дел на Идлиб.