БУРА ВО ЕВРОПСКА ЗЕМЈА: Загина туристка и маж врз кој паднало дрво
Објавено во: Свет 19 Септември, 2018
Бурата Али денеска ја погоди Ирска, при што однесе два животи.
Станува збор за швајцарска туристка чиј караван бил однесен од ветерот и маж кој загина кога врз него паднало дрво.
Невремето предизвика големи штети на ирскиот остров оставајќи десетици илјади семејства без струја, нo би требало утре да ослабе и да се премести кон северот на Англија и Велс.