БУРНИ РЕАКЦИИ НА ТВИТЕР:"Сваровски судството" се прошири и надгради во "Луј Витон судство"
Објавено во: Македонија 20 Јули, 2019
Твитерџиите неколку дена по ред твитуваат за случајот „Рекет“, но исто така и за оставката на Катица Јанева, а од вчера и за новиот предлог закон за новото „СЈО“ односно за Јавно обвинителство за организиран криминал и висока корупција.
Еве дел од твитовите:
"Сваровски судството" се прошири и надгради во "Луј Витон судство".
— Fotograf (@zbiramfoto) July 20, 2019
Не дека праам рекет ама за ваше добро е ако ме фејвате
— Д Зоро (@The__Zorro) July 20, 2019
па нели бе “ова зло никогаш да не се повтори”?!?!
— Marija (@Marija206323) July 20, 2019
па зашто бе правиш све да се повтори?! зашто?!?!?
11 години изгубивме со Грујо, 4 со Катица, да и дадеме 2 години на Вилма, ако излезе и она хохштаплер да ја асфалтираме Македонија и да ја направиме паркинг на Грција.
— Полтрол (@Neznajach) July 19, 2019
Не дискутирај, клај лајк ако се сложуваш, РТ ако ептен мн. се сложуваш.
Нов закон за ЈО за орг.криминал и висока корупција најави Заев по кој што СЈО оди у заборав
— Г-дин Судија (@UstavenSudija) July 19, 2019
Е сеа правно #ПрашањаКоиМеМачат што е „Висока корупција“ и како е различна од оваа „обичнава корупција“ да ми објасни @VladaMK ?