Бурни реакции: Твитер не стивнува со денови за Катица Јанева
Објавено во: Македонија 24 Јули, 2019
И по девет дена од поднесената оставка на Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, твитер не престанува. Твитерџиите не ги одминуваат ниту Боки 13, случајот „Рекет“а ниту предлог законот за Ново Јавно обвинителство.
Од час во час твитуваат за настаните кои не престануваат да ја „тресат“ државата. Материјал за пишување во последните десетина дена од случувањата во земјата има.
Еве дел од нив:
Лажна вест е дека Катица стигнала до 137мо ниво на Кенди Краш на телефонот што и го одзеле.
— Мравка (@svetlin_a) July 23, 2019
Катица игра само Мафија!
Снашката на Јанева работи во СЈО. Па мајко мила...
— неМирка 913 (@PravednaTavita) July 23, 2019
Израснав со епизодите на СЈО ... pic.twitter.com/YS0LO3YJqE
— Семир (@Semir_k11) July 23, 2019
Што ќе ни е историја кога немаме пари
— Докторот (@Deni0009) July 23, 2019
Што ќе ни е правда кога немаме пари
Што ќе ни е морал кога немаме пари
Што ќе ни е идентитет кога немаме пари
Што ќе ни е држава кога немаме пари
Добро колку пари вредите кажете и да ве исплатиме....
Сигурно не сте поскапи од рекетот на СЈО.
Сеа на почеток на преговорите за ново СЈО... сите Партии ќе бидат против, јер знаат дека уз преговори можат да добијат 500 Директорски места, 200 Заменици Министри, 100 Секретари, 50 Велосипеди, 3 Тротинета, Бураго Количка, Пакет Сано сокови и Вечера за 2ца во Ресторан Мирко 919
— Бапчо (@TheFitzzz) July 23, 2019