26 Април, 2024
0.0378

Царинската управа остана без струјата од У-пауер: Компанијата вплеткана во нападот на Бислимовски ги раскинува договорите со државните органи и општините

Објавено во: Економија 26 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Компанијата У Поуер почна да ги раскинува договорите за испорачување електрична енергија што ги имаше со државни институции и општини низ државата. Месецов еднострано беше раскинат договорот што во 2020 година го склучиле Царинската управа и У Поуер, фирмата чиј сопственик го нападна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски откако комисијата почна постапка за одземање на лиценцата за снабдување на оваа компанија. Станува збор за фирма чиј сопственик е Аријанит Џафери, кој беше и напаѓачот. Во меѓувреме, Бислимовски уште не ја одзема лиценцата, со образложение дека за тоа е потребно повеќе време. 

Од Царинската управа за Фактор велат дека договорот е раскинат и тие на 15 ноември доставиле до Електронскиот систем на јавни набавки известување за тоа. Договорот за набавката е склучен лани - У поуер требало да испорачува струја за најмногу 470 илјади евра, а испорачале енергија за вкупно 217 илјади евра. 

„Договорот со У-Повер  за снабдување со електрична енергија беше склучен на 24.11.2020 година со рок на траење од една година. Но, по добиено известување од  У- Повер  дека нема да ја снабдува Царинската управа со електрична енергија (пред истек на договорот) престана испораката на електрична енергија по Договорот, поради што истиот беше раскинат, велат од Царинската управа за Фактор.

Моментно царина набавува струја од ЕВН ХОМЕ, а тоа треба да трае три месеци.

На нашето прашање дали имаат друга отворена постапка за струја од Царината велат:

„Согласно планот за Јавни набавки на Царинска управа во 2021 година, во финална фаза е спроведувањето на нова постапка за ЈН на електрична енергија, односно во тек е жалбен период на донесената Одлука за избор на најповолна понуда. Овој податок е јавно достапен на веб страната на ЕСЈН, стои во одговорот до Фактор. 

Во склучениот договор со У- Повер склучен лани стои дека енергетската компанија треба да ја снабдува Царинската управа со струја по цена од 2,678 денари за киловатчас во висока тарифа и 3,282 денари за киловатчас во ниска тарифа. 

У Повер во меѓувреме го раскина договорот и со Град Скопје, кои исто така се снабдуваат со струја од крајниот снабдувач.

На 23 септември годинава Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги почна постапки за одземање на лиценци на МИСТ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје и Друштвото за трговија со електрична енергија У ПОВЕР ДОО експорт-импорт Скопје.

Причината за тоа беше што не ги обезбедиле навреме и во целост количините на електрична енергија за кои имаат склучено договори со потрошувачите и нe постапиле во целост по претходно донесените одлуки на РКЕ со кои им беа наложени мерки за усогласување на работењето.

„МИСТ ЕНЕРГИ и У ПОВЕР не купиле електрична енергија навреме и сега кога цените на берзите се зголемија, количините кои им недостигаат ги надополнувале од резервите на МЕПСО кои се наменети за балансирање на електроенергетскиот систем. МЕПСО ја алармираше РКЕ дека е евидентирано неоправдано зголемено ангажирање на електричната енергија која се користи за исклучителни ситуации. Дополнително оваа електрична енергија што снабдувачите ја користеле од механизмот за балансирање е поевтина од берзанската цена, со што ја нарушуваат конкуренцијата и ја загрозуваат стабилноста на електроенергетскиот систем. РКЕ ја следи состојбата во континуитет и пред еден месец побара од овие снабдувачи да доставуваат (докази дека имаат обезбедено електрична енергија) номинации согласно потребите на своите потрошувачи, но до истекот на рокот не постапија и затоа отпочнуваме со постапка за одземање на лиценци, изјави тогаш Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Потоа на 5 октомври претседателот на РКЕ Бислимовски во Дебар Маало беше физички нападнат од Аријанит Џафери синот на поранешнот функционер на ДУИ Муса Џафери и сопственик на оваа компанија за снабдување со електрична енергија У Повер. 

Инаку Фактор преку алатката Отворени финансии пренесе податоци за тоа кој се од државните органи и општини набавувал струја преку У повер, компанија која во 2019 година доби тендери за снабдување со електрична енергија, а е основана во 2016 годинаПодатоците се однесуваат за оваа година, или конкретно од први јануари па се до октомври, а се добиваат преку исплатите кои ги вршале државните органи и општини до компанијата У-повер.

Од бројките на Отворени финансии може да се види дека најмногу струја од У-повер набавувал и плаќал Градот Скопје. Во текот на годината направени се голем број исплати од касата на метрополата до фирмата на Џафери, а од нив четири се највисоки и се по над два милиони денари. 

Па така, највисоката исплата од Град Скопје до У повер е 2,84 милиони денари, или 46 илјади евра. Две од исплатите се по 2,4 милиони денари, и четвртатата е 2,3 милиони денари. Но, исплатите не завршуваат тука, туку Градот Скопје исплатил и 710 илјади денари, па 630, па 583 илјади денари, како и многу други пониски суми, за снабдување со струја од компанијата У повер.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија