Царински гаранции за увоз за облагородување - компаниите да се јават до Развојна банка
Објавено во: Економија 22 Февруари, 2021
Во насока на олеснување и подобрување на условите за работа, посебно во време на пандемија, Развојната банка на Република Северна Македонија разви нов производ - Царински гаранции за увоз за облагородување. Овие банкарски гаранции, пред се, се наменети за малите и средните претпријатија што работат увоз заради облагородување. Повеќе информации се достапни на следниов линк-
https://mbdp.com.mk/mk/garancii/carinski-garancii. Заинтересираните компании можат директно да се јават во Развојната банка на Северна Македонија.
Износот на гаранцијата зависи од кредитната способност на компанијата.
Максимален износ:
- до 15.375.000 МКД за мали и средни компании и
- до 24.000.000 МКД за компании кои според Националната
класификација на дејности спаѓаат во шифрите на дејности -
Ц/Б Преработувачка индустрија.