25 Април, 2024
0.0289

Царовска: Исплати по новиот закон за социјална заштита уште во јуни

Објавено во: Македонија 16 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, за „Фактор“ изјави дека в петок очекува долгонајавуваниот Закон за социјална заштита да го мине комисискиот филтер во Собранието и веднаш да биде изгласан на пленарна седница со што на социјално загрозените ќе им се исплати помошта уште в јуни.

„Го повикувам Влатко Ѓорчев, претседателот на собраниската комисија за труд и социјална политика и останатите пратеници конечно да изнајдеме една заемна соработка и да го доведеме овој закон што побргу во функција на социјално ранливите, изјави Царовска на отворањето на Енергетскиот форум 2019 во Струга.

Министерката рече дека не очекува дополнителни процедури за овој закон да стапи во сила и дека првите исплати по истиот треба да бидат уште во јуни.

„Законот е таков што веднаш штом стапи во сила ќе следуваат и првите исплати. Нема да има потреба од носење подзаконски акти. Очекувам првите исплати на категориите од социјалната помош да бидат исплатени уште во јуни, односно тоа да бидат мајските приходи што им следуваат на категориите опфатени со законот“, вели Царовска.

Една од најважните реформи во законското решение е гарантираниот минимален приход, како и неколку други важни промени, меѓу кои и конечна дефиниција за лицата со попреченост, децентрализација на системот за социјална заштита и вклученост на општините за обезбедување сервисни служби.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“