Царовска на средба со директорите: Ќе има ли ново зголемување на вработените во градинките?
Објавено во: Македонија 23 Јули, 2019
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска ќе се сретне со директорите и вработени во детските градинки.
На средбата, информираат од МТСП, ќе се разговара за зголемувањето на платите на вработените во градинките.
Имено, на сметките на вработените во градинките од месец јуни легнуваат плати повисоки за 16 отсто.