„Цел“ бугарски државен врв ќе го убедува Иванов
Објавено во: Балкан 14 Јуни, 2018
Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, од денеска ќе биде во дводневна официјална посета на Бугарија и практично „цел“ бугарски државен врв ќе го убедува да не прави опструкции во реализирањето на договорот помеѓу Македонија и Грција.
Иванов треба да се сретне со својот бугарски колега Румен Раден, но и да има средби со бугарскиот премиер Бојко Борисов, со министерката за надворешни работи екатерина Захариева, како и со претседателката на бугарското Народно собрание.
пред Иванов, ќе пристигне неговата сопруга Маја Иванова, која треба да ја посети спомен-куќата на Никола Јонков Вапцаров.
Пристигнувањето на Иванов е најавено со сите почести и неколку улици и паркинзи во бугарската престолнина ќе бидат затворени за сообраќај.