ЦЕЛОСНО АСИМПТОМАТСКИ СЛУЧАЈ - 42 годишниот син на Доналд Трамп е позитивен на ковид
Објавено во: Свет 21 Ноември, 2020
Најстариот син на американскиот претседател во заминување, Донал Трамп, Доналд Трамп Јуниор е позитивен на Ковид-19, објави неговиот портпарол. 42-годишниот Трамп Јуниор дијагонзата ја добил на почетокот од оваа седмица и заминал во излоација во ловечката викендичка.
„Тој е комплетно асимптоматски случај и засега ги следи препораките од Ковид-19 протоколот“, стои во изјавата.
Доналд Трамп Јуниор е вториот син на американскиот претседател кој добива позитивен резултат. Претходно и 14-годишниот Барон беше заболен. Позитвен на коронавирусот беше и претседателот Трамп.