28 Март, 2024
0.0260

ЦЕНА НА ТРУД: Еден работен час вреди 3,7 евра!

Објавено во: Економија 21 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Трудот во приватниот секотор има пониска цена од трудот  на работниците во државните фирми, администрацијата, акционерските друштва со доминантна државна сопственост и мешовитите компании. Новата “Анкета за цена на трудот“ објавена од државниот Завод за статистика открива дека просечно, на годишно ниво, цената на трудот на еден работник  изнесува 6 475 евра, односно толку изнесува просечниот трошок на работодавачите за еден вработен.

Повреднувана работата во државниот сектор?

Интересен е податокот дека повеќе на “цена“ е трудот на вработените во “други дејности“ во кои спаѓаат државни фирми, администрација, мешовити фирми во однос на вработените во приватниот сектор. Конкретно, вкупната цена на трудот во приватниот сектор е 6 040 евра и е за 1 122 евра помала во однос на цената на трудот на вработените во “друга сопственост“, каде таа изнесува 7 162 евра.

Ако се анализира по работен час, податоците покажуваат дека годишниот просечен трошок на работодавачот по фактички одработен час во прватниот сектор изнесува 3,4 евра додека во “друга соопственост“ се вреднува со скоро 4,2 евра. Просечно, цената на труд, односно трошокот за еден вработен изнесува 3,7 евра.

Анализирано по дејности, најголема цена на трудот имаат вработените од финансиските дејности со годишен просек од скоро 11 300 евра, следуваат информациите и комуникациите каде просечниот годишен труд е  платен со 10 700 евра, просечниот трошок по вработен на годишно ниво во стручните и научните дејности изнесува 8 400 евра. Повискоа годишна цена на трудот имаат и вработените во секторот енергија, со скоро 11 000 евра.

Најмал трошок по вработени има во преработувачката индустрија каде просечната годишна цена на трудот изнесува само 5 000 евра, во административните и помошните услужни дејности цената на трудот на годишно ниво е 5 210 евра а во секторот снабдување со вода просекот е 5 473 евра. 

Во новообјавеното истражување се обелоденува дека просечната годишна субвенција за вработените во приватниот сектор изнесува 355 евра. Субвенциите ги опфќаат сите поволности, бенефиции и форми на државна помош што се даваат на компаниите по различен основ.

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат