Цената на „црното злато“ е највисока во последните седум недели
Објавено во: Економија 17 Мај, 2022
Расте цената на „црното злато“. Нафтата на берзите е најскапа во последните седум недели.
Барелот на лондонскиот пазар во пладневната трговија скокна во однос на претходното затворање за 1,26 долари, на 115,50 долари. На американскиот пазар цената се зголеми за 1,17 долари, на 115,37 долари.
Цените се зголемија поради влијанието на напорите на ЕУ да воведе забрана за увоз на енергенси од Русија. Втор фактор е очекувањето за поголема побарувачка по олеснувањето на мерките за спречување на коронавирусот во Кина.