Цената на нафтата бележи голем пад
Објавено во: Економија 12 Февруари, 2018
Низа случувања како: порастот на производството на нафта во САД, јакнењето на доларот и остриот пад на индексите на светските берзи, доведоа до пад на цените на нафтата на светските берзи за повеќе од 8 отсто. Цената на нафтата сега е на најниско ниво од декември.
На Лондонската берза цената за барел нафта е 62, 8 долари(бележи пад од околу 8,5 отсто) , а на њујоршката берза пак 59,2 долари ( бележи пад од 9,5 отсто).
Затоа сега цените на „црното злато“ се во минус околу 11 отсто во однос на своите најголеми нивоа во оваа година, достигнати кон крајот на јануари.
- Зад волку остар пад на пазарот никогаш не може да стои само една причина. Се работи за повеќе од нив - изјави Џим Ритербуш, претседател во компанијата „Ритербуш и соработници“.