28 Март, 2024
0.0252

Цената на нафтата ги изненади сите

Објавено во: Економија 14 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Падна цената на нафтата. 

Кинеските економски податоци ја спуштија цената на нафтата под 61 долар. 

Цената на нафтата се намали денеска на меѓународните берзи под нивото од 61 долар откако најновите податоци од Кина покажаа побавен економски раст. Ова е сигнал за послаба побарувачка за енергенси кај најголемиот увозник на нафта во светот.

Вредноста на барелот на лондонската берза се намали за 55 центи во однос на претходното затворање, на 60,90 долари за барел. На американската берза барелот се тргуваше по 35 центи пониска цена, од 52,23 долари.

ОПЕК утрово информираше дека цената на барелот на референтната кошничка на неговата нафта е 58,67 долари, што значи дека паднала 53 центи во однос на претходниот ден од тргувањето.

Рускиот министер за енергетика Александер Новак најави дека државата постепено ќе го намалува производството на нафта. Во првата фаза производството на нафта ќе биде намалено за 50.000 барели дневно.

OПЕК и групата независни потрошувачи, вклучително и Русија, минатата седмица постигнаа договор за намалување на производството за вкупно 1,2 милиони барели дневно за да се намали вишокот во снабдувањето. Тоа би требало да биде доволно за во вториот квартал следната година на пазарот да се јави недостиг, доколку споменатиот нафтен картел и другите големи произведувачи се придржуваат до договорот, објави Меѓународната агенција за енергија (IEA) во својот најнов месечен извештај.

Можеби ќе ве интересира

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра