Цената на нафтата отиде до небо
Објавено во: Економија 04 Мај, 2018
Оваа трговска недела нафтата ја завршува со раст на цените затоа што се очекува одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп дали ќе се повлече од нуклеарниот договор со Иран.
Тоа е закана за извозот на нафтата за третиот најголем производител во ОПЕК.
Цената на фјучерсите на нафта во Њујорк порасна за 0.7 проценти оваа недела.
Вкупното тргување беше за 5 проценти над 100 дневниот просек.
Нафтата брент поскапе за 17 центи на 73,77 долари за барел.