ЦЕНИ НА ПРОИЗВОДИ: Во Германија поевтини, во Србија поскапи
Објавено во: Финансии 10 Август, 2018
Иста продавница, ист производ, различна земја, но како и обично во Србија е поскапо.
Заклучокот е дека во Германија некои производи можат да се купат три пати поевтино одошто во Србија, пишува српски Блиц.
Најголема разлика има во производите за мали деца и бебиња.
Разликата е највидлива кај производи за бебиња постари од 4 месеци.
Ако една тегличка храна во Србија е 219 динари, во Германија истата чини 0.75 центи или 90 динари.
Сокови за деца во Србија со попуст се 149 динари, а во Германија чинат исто 0.75 центи.
Србите во просек заработуваат по 416 евра, а во Германија луѓето земаат во просек по 2000 евра.
Не е само храната, туку истото важи и за облеката и работи во домаќинството.
фото Blic