ЦЕНИТЕ НА ГОРИВА ПАДНАА: Еве за колку ќе полните резервоари од денес
Објавено во: Економија 09 Јануари, 2019
Нов постпразичен пад на цените на горивата во земјава.
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука да ги намали цените на бензините и дизелот за 2,5 односно за 3 денари.
Тоа значи дека оние кои возат бензинци од денес па се во наредните две недели ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе точат по цени од 58,5, а за ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе плаќаат 60,5 денари за литар.
Дизелашите пак ќе ги полнат резервоарите со ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 55 денари за литар.
Оваа одлука стапи на сила на полноќ.