16 Јули, 2025
0.0364

ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА СЕ ЗГОЛЕМИЈА ЗА 30 ОТСТО: За која земја се работи?

Објавено во: Економија 04 Јули, 2025 18:11

Добивај вести на Viber

И натаму Турција мака мачи со високата инфлација. 

Годишната стапка на инфлација во јуни се намали од мајските 35,4 проценти на 35,1 процент, објави Турскиот институт за статистика (Туркстат).

Ова е тринаесетто последователно намалување на инфлацијата во Турција на годишно ниво, што сега е најниско од ноември 2021 година.

Цените на храната и безалкохолните пијалоци во Турција се зголемија за 30,2 проценти на годишно ниво, во споредба со 32,9 проценти во април, додека инфлацијата на домувањето и комуналните услуги се намали од мајските 67,4 проценти на 65,5 проценти.

Сличен тренд е забележан и во угостителската индустрија, бидејќи цените во хотелите, кафулињата и рестораните се зголемија за 35,6 проценти на годишно ниво наспроти 36,9 проценти, а цените во здравствената заштита за 38,7 проценти, забавувајќи во споредба со 40,1 процент во мај.

Забрзување на годишната инфлација е забележано во транспортот, од 24,6 проценти во мај на 27,7 проценти, како и во секторот за рекреација и култура, а цените на облеката и обувките исто така пораснаа со побрзо темпо.

Годишната базна инфлација во Турција малку се зголеми од мајските 35,4 проценти на 35,6 проценти, се додава во извештајот.

На месечна основа, потрошувачките цени се зголемија за 1,4 проценти во јуни, што е најбавното темпо за шест месеци.

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Има ли Трамп царински супер-топ што ќе го уплаши и стави во ред Владимир Путин?

Има ли Трамп царински супер-топ што ќе го уплаши и стави во ред Владимир Путин?

АТЛАНТИК ГРУПАТА ГО ПРОДАДЕ ПОПУЛАРНИОТ БРЕНД СЕНДВИЧИ: Но продолжува да го продава и дистрибуира

АТЛАНТИК ГРУПАТА ГО ПРОДАДЕ ПОПУЛАРНИОТ БРЕНД СЕНДВИЧИ: Но продолжува да го продава и дистрибуира

Поради националниот долг Франција ќе штеди - каде ќе има кратења?

Поради националниот долг Франција ќе штеди - каде ќе има кратења?

СЕ НАМАЛИЛ БРОЈОТ НА ЕВРОПЈАНИ КОИ НЕ МОЖАТ ДА СИ ДОЗВОЛАТ ОДМОР: Соседите најлошо котираат

СЕ НАМАЛИЛ БРОЈОТ НА ЕВРОПЈАНИ КОИ НЕ МОЖАТ ДА СИ ДОЗВОЛАТ ОДМОР: Соседите најлошо котираат

НАЈЕВТИНИ МЕСТА ЗА ПОСЕТА ГОДИНАВА: На листата се градови од регионот

НАЈЕВТИНИ МЕСТА ЗА ПОСЕТА ГОДИНАВА: На листата се градови од регионот

(ВИДЕО) Цените вртоглаво растат: Моника споделува што купила за 10 евра во Макарска

(ВИДЕО) Цените вртоглаво растат: Моника споделува што купила за 10 евра во Макарска

Србија е меѓу десетте најголеми купувачи на злато - одговор на глобалната неизвесност

Србија е меѓу десетте најголеми купувачи на злато - одговор на глобалната неизвесност

Оваа земја е рај за работниците: 32 дена одмор, 26 недели платено породилно отсуство

Оваа земја е рај за работниците: 32 дена одмор, 26 недели платено породилно отсуство

Кој и зошто прави залихи од сребро?

Кој и зошто прави залихи од сребро?