Цените на нафтата доживејаа бум
Објавено во: Економија 25 Октомври, 2021
Веќе седма недела по ред растат цените на нафтата во светот.
На американскиот пазар барелот скокна за 1,7 отсто на 83,76 долари. Ова е нов рекорд од есента 2014 година. Минатата недела се зголеми и цената на барел нафта на лондонскиот пазар, достигнувајќи тригодишен рекорд, затоа што се очекува побарувачката да продолжи да се зајакнува, додека понудата е ограничена. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела порасна на 85,53 долари, а во еден момент чинеше и 86,10 долари. Пандемијата доведе до големи промени во цените на нафтата.