ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ГАЛОПИРААТ: Кој е виновен?
Објавено во: Економија 13 Септември, 2017
Цените на нафтата пораснаа и покрај предвидувањата на Меѓународната агенција за енергетика дека побарувачката ќе скокне највисоко за период од две години.
ОПЕК ќе бара да продолжи договорот за намалување на производството.
Цените на фјучерси на нафта во Њујорк скокнаа 1%, откако претходните два дена имаше раст од 1.6%.
Американската лесна нафта WTI за испорака во октомври се тргува за 48,69 долари за барел, што е за 46 центи повеќе.
Нафтата брент за ноемвриски испораки зајакна за 42 центи и се продава за 54,69 долари.
Земјите членки на ОПЕК во Виена ќе се состанат при крајот на ноември, а договорот за намалување на производството може да се продолжи за уште 6 месеци.