29 Март, 2024
0.0267

Цените на нафтата пораснаа седма недела по ред, на нови највисоки нивоа во последните три години: ќе има ли скок на нафтените деривати денес и кај нас?

Објавено во: Економија 25 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Цената на барел нафта на лондонскиот пазар порасна минатата недела, седми пат по ред, достигнувајќи ново ниво за три години, бидејќи се очекува побарувачката да продолжи да зајакнува, додека понудата е ограничена.

Цената на барелот на лондонскиот пазар порасна за 1 отсто минатата недела, на 85,53 долари, и во еден момент достигна 86,10 долари, новото највисоко ниво во последните три години.

На американскиот пазар барелот порасна за 1,7 отсто на 83,76 долари, ново највисоко ниво од октомври 2014 година.

Зошто растат цените на нафтата

Зголемувањето на цените е поддржано од растот на побарувачката за нафта, но и за други извори на енергија поради закрепнувањето на светската економија од кризата со корона, додека најголемите производители на „црно злато“ имаат релативно ограничено производство.

Покрај тоа, цените растат поради стравувањата од недостиг на јаглен и гас во Кина, Индија и Европа, што поттикна пораст на цените на овие извори на енергија. Како резултат на тоа, некои производители на електрична енергија се префрлија од гас на поевтинa нафта за греење и дизел.

Кина минатата недела објави дека ќе интервенира за да го запре зголемувањето на цените на јагленот и да обезбеди снабдување со електрична енергија во пресрет на зимата.

И покрај зголемената побарувачка, на почетокот на октомври Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, предводени од Русија, одлучија да го зголемат производството за само 400.000 барели дневно во ноември, како што беа договорени летово.

„Цените исто така би можеле да се зголемат на многу краток рок бидејќи инвеститорите навистина немаат поттик да продаваат, со оглед на глобалниот недостиг од снабдување со енергија и фактот дека ОПЕК + само гледа што се случува“, објаснува Луиз Диксон од Ристад.

Американскиот пазар, исто така, беше поттикнат минатата недела со податоците од Министерството за енергетика дека залихите на сурова нафта во центарот на Кушино паднаа на 31,2 милиони барели, што е најниско ниво од октомври 2018 година.

„Побарувачката во САД за бензин се чини дека доживува лошо лето“, заклучуваат аналитичарите на PVM, посочувајќи на најголемата побарувачка во овој период од годината од 2007 година, и покрај високите цени на бензинските пумпи.

Цената на барелот на лондонскиот пазар порасна за повеќе од 50 отсто од почетокот на годината, благодарение на закрепнувањето на побарувачката на нафта поради закрепнувањето на економиите, но и на одржувањето на производството на ОПЕК под нивото пред пандемијата.

Растат и цените на нафтените деривати кај нас

„Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 2,197 отсто, кај дизелот за 2,842 отсто, кај екстра лесното масло за 2,853 отсто и кај мазутот за 0,554 проценти.

Во истиот период курсот на денарот во однос на долароте повисок за 0,164 отсто.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар за литар, стоеше во одлуката на РКЕ минатиот понеделник.

До ноќеска на полноќ максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95  76,50  (денари/литар)

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС -98  78,50  (денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  68,50  (денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  68,00  (денари/литар)

Мазут М-1 НС  43,010  (денари/килограм)


Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи