24 Април, 2024
0.0302

Централен регистар до Шилегов: Бараме јавно извинување за навредите и притисоците

Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Централен региостар за да ја впише „Дрисла“ повторно во владение на Град Скопје потребна е правосилна судска одлука, му напиша директорката Марија Бошковски - Јанковска на скопскиот градоначалник, откако овој синоќа во „Топ Тема“ побара оставка од неа и од службениците. 

Ќе барам разрешување на директорката и на регистраторите на Централен регистар ако и натаму одбиваат „Дрисла“ да ја впишат во владение на  Град Скопје, изјави Шилегов и најави дека ако проблемот наскоро не се реши ќе бара и кривична одговорност од директорката.

Шилегов бара што побргу преобразбата на „Дрисла“ од друштво со ограничена одговорност во Јавно претпријатие. Од Централен регистар велат дека ако донесат „храбра“ одлука истовремено ќе го прекршат законот, што според нив, не е одлика на оваа власт и дека за истото да не се случува се бореле заеднос о Шилегов во опозиција.

ЦР донел решение со кое ова барање за упис се одбива, бидејќи приватно друштво, како што велат од таму, законски не може да се преобрази во Јавно претпријатие, додека можноста за спротивен процес е дозволена.  Директорката Бошковска - Јанковски вели дека нема да дозволи Шилегов да им врши притисок на нејзините службеници о да ги навредува и побара јавно извинување од скопскиот градоначалник.

„Во случајот со Дрисла, Градоначалникот во име на Град Скопје бара од Централниот регистар незаконски да постапува и истовремено се заканува со одговорност. Кривична одговорност е предвидена во Кривичниот законик поради неспроведување и непостапување по правосилна судска пресуда. Меѓутоа за да има одговорност за Директор и сите лица правници-овластени лица за регистрација во Централниот Регистар кои секојдневно носат одлуки,е невозможно. Политиката не може да биде пред правото“ се вели во демантот.

Од Централен регистар велат дека во прашање е комплицирана ситуација која ги опфаќа Закон за трговски друштва, Закон за едношалтерски систем и Закон за јавни претпријатија, како и законските бариери за постапување позитивно по истото. и дека поништувањето на Советот од Град Скопје на одлуката во 2013година за преобразба на јавното претпријатие во Друштво, како и Одлуката за избор на приватен партнер/содружник не е доволен законски основ за упис на промената во трговскиот регистар.

Од страна на Централниот регистар било побарано и стручно мислење од професорот од Правниот факултет, Борче Давитковски, кој е експерт во областа Управно право и дека пријавата на Град Скопје преку адвокатот Сашо Бузлиев за упис на промена значи само поништување на изборот на концесионер, но не и проимена на формата.

За да ги промени рабоптите, регистарот го повикува Шилегов да ја продолжо шппстапката пред надлежниотр суд, кој во обој случај треба да пресуди дали може „Дрисла“ од приватно друштво да се преобрази повторно во јавно претпријатие.

„Во моментов предметот заедно со жалбата од Град Скопје се наоѓа пред одлучување кај Комисијата за жалби, која е надлежна да одлучува во втор степен. По добивањето на Решението од Комисијата за жалби, Централен регистар ќе постапи согласно насоките од истото“, додаваат од таму.


Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо