25 Април, 2024
0.0261

Централната Управа на ПроКредит Банка сертифицирана со меѓународниот сертификат EDGE

Објавено во: Мои пари 21 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

ПроКредит Банка како општествено одговорна компанија поставува високи стандарди во работењето во поглед на влијанието врз животната средина.

Поради тоа, Централната управа на ПроКредит Банка е изградена со користење на енергетски ефикасни материјали и опрема, како што се: енергетски ефикасна изолација, прозорци и светилки. Со употребата на обновливи извори на енергија како: геотермални топлински пумпи за греење и ладење и фотонапонска централа за сопствено производство на електрична енергија дополнително се намалува потрошувачката на енергија на Централната Управа.

Како резултат на сите преземени мерки за намалување на влијанието на животната средина и градење на Еко зграда, Централната Управа на ПроКредит Банка во текот на 2019та година беше сертифицирана со меѓународниот сертификат EDGE. Ова е вооедно  и  првиот објект во нашата земја сертифициран на ваков начин.

Сертификатот е потврда за сите инвестиции во зградата од аспект на енергетска ефикасност, употреба на ресурси и користење на обновливи извори на енергија. Во него се наведени поединечните мерки, чиишто резултат е заштедата на енергија од 73%, заштеда на вода од 21% и заштеда на енергија за производство на употребените материјали од 35%, споредено со вообичаената пракса на нашиот пазар.

Повеќе информации за истиот може да се најдат на линкот

EDGE (Excellence in Design for Greater Efficiency) е иновација на Меѓународната Финансиска Корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска Банка. Сертификатот им нуди можност на лидерите на пазарот да добијат конкурентска предност преку издвојување на нивните производи. IFC го создаде EDGE  како одговор на потребата за мерливо и веродостојно решение, со цел да докаже дека постојат бизнис можности за градење на еко згради и отворање на можности за финансиски инвестиции во истите.

Повеќе информации за процесот на сертификација со EDGE може да се најдат на линкот


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка