20 Април, 2024
0.0279

Чадиковски: Главен проблем со кој се соочуваат новинарите е неказнивоста на случаите на напади врз новинари

Објавено во: Македонија 12 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Како главен проблем со кој се соочуваат новинарите во државата и кој ја попречува слободата на изразувањето е неказнивоста на случаите на напади врз новинарите, истакна на обраќањето на панелот за Западен Балкан, со кој беше отворена Глобалната конференција за медиумска слобода во Лондон претседателот на Здружението на новинарите на Македонија Младен Чадиковски.

– Тоа е проблем кој се провлекува веќе подолго време и се плашиме дека може само да поттикне понатамошни напади врз нашите колеги, рече Чадиковски потсетувајќи на неодманешниот напад врз новинарската екипа на ТВ21 во Арачиново, каде обвинителството не успеа да најде причина за да покрене истрага.

Чадиковски се осврна и на неспроведувањето на медиумските реформи во државата.

– „Дел од најважните процеси како што се изборот на членовите на новиот Совет на медиумскиот регулатор и Програмскиот совет на јавниот радиодифузен сервис се уште се заглавени во Парламентот, а тие претставуваат два главни предуслови за реформирање на овие две институции, рече тој.

Чадиковски говореше и за раскинување на коруптивните врски меѓу политичките партии и медиумските сопственици како предуслов за поголема уредувачка, политичка и финансиска независност на медиумите. Според него, претходната власт преку трошење на огромни средства од државниот буџет во приватните медиуми успевала да ја купи нивната наклонетост и медиумите ги ставала во функција на пропаганда, а тоа довело до цензура и автоцензура кај новинарите.

– Во моментов имаме одредено ниво на слобода на говор каде секој зборува слободно, но морам да нагласам дека сепак независноста на медиумите сé уште се наоѓа под знак прашалник поради фактот дека имаме мал коруптивен медиумски пазар. Во земја со 2 милиони жители, на пазарот функционираат околу 150 радиодифузери, помалку од 10 печатени медиуми и стотици онлајн медиуми. Сите овие медиуми функционираат на медиумскиот пазар кој годишно не вреди повеќе од 25 милиони евра. Во една ваква средина едноставно е невозможно да се зборува за одржливоста и слободата на медиумите, истакна Чадиковски Глобалната конференција за медиумска слобода во Лондон.



Можеби ќе ве интересира

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд