30 Ноември, 2023
0.0299

ЧАСОВНИЦИ FERUCCI, СКОРО ТРИ КИЛОГРАМИ СРЕБРО И ОБЛЕКА ЗАПЛЕНИ ЦАРИНАТА: Контроли на Богородица, Блаце и Табановце

Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Мобилни тимови на Царинска управа спречија обид за шверц, при што се запленети 2,7 кг сребрен накит, 33 часовници и 160 парчиња облека, се наведува во соопштението на Царинската управа.

-Околу 2,7 килограми сребрен накит, 33 часовници, како и 160 парчиња облека со вкупна вредност од над половина милион денари се запленети од мобилни тимови на Секторот за контрола и истраги во три контроли на влез во државата на граничните премини Богородица, Блаце и Табановце во текот на изминатиот викенд. Со овие акции е спречен обид за шверц и избегнување плаќање царински давачки од околу 150 илјади денари. Во првиот случај двајца сопружници на влез во државата на граничен премин Богородица се обиделе нелегално да внесат околу 2,7 килограми сребрен накит. Накитот е откриен при контрола на куферите, при што во внатрешните џебови од облеката се пронајдени 37 пакувања со сребрен накит, а во возилото се пронајдени и три сметки од накитот кои биле на име на сопружникот. Во вториот случај станува збор за часовници што мобилниот тим на Царинска управа ги откри при контрола на автомобил на граничниот премин Блаце. Часовниците возачот на автомобилот ги скрил во црни ќеси кои ги ставил зад совозачкото седиште. Друг мобилен тим пак на граничниот премин Табановце при извршена контрола на автобус откри и заплени 160 парчиња облека наменета за продажба на македонскиот пазар. Автобусот кој сообраќал на релација Белград - Скопје е селектиран за детален преглед при што под клупите и во фабричката шуплина над задните десни тркала се пронајдени непријавените парчиња облека, велат оттаму.

Во случајот на заплена на часовници и облека, како што информираат од Царина, против лицата се поднесени прекршочни пријави, додека во случајот во кој е запленет околу 2,7 килограми сребрен накит против лицето е поднесена кривична пријава до јавно обвинителство за кривично дело криумчарење.  




* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА МИСЛИ ГЛОБАЛНО, САМО ДИЈАЛОГОТ НОСИ РЕЗУЛТАТИ: Спасовски за српска „Политика“

МАКЕДОНИЈА МИСЛИ ГЛОБАЛНО, САМО ДИЈАЛОГОТ НОСИ РЕЗУЛТАТИ: Спасовски за српска „Политика“

ПРВ ПАТ ПО ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ЛАВРОВ Е ПРИСУТЕН ВО ЗЕМЈА ЧЛЕНКА НА НАТО: Рускиот дипломат беше срдечно пречекан од Османи, утре ќе одржи и прес конференција

ПРВ ПАТ ПО ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ЛАВРОВ Е ПРИСУТЕН ВО ЗЕМЈА ЧЛЕНКА НА НАТО: Рускиот дипломат беше срдечно пречекан од Османи, утре ќе одржи и прес конференција

Мицкоски прифаќа средба со Ковачевски, ама прво да заврши со предавањето

Мицкоски прифаќа средба со Ковачевски, ама прво да заврши со предавањето

ГРЧКА НЕВЛАДИНА ОРГАНИЗАЦИЈА „НАСМЕВКА НА ДЕТЕТО“ ОБЈАВИ АПЕЛ ЗА ВАЊА: Исчезнатата тинејџерка го мобилизираше Балканот

ГРЧКА НЕВЛАДИНА ОРГАНИЗАЦИЈА „НАСМЕВКА НА ДЕТЕТО“ ОБЈАВИ АПЕЛ ЗА ВАЊА: Исчезнатата тинејџерка го мобилизираше Балканот

СЕ ОГЛАСИ ПЕСКОВ ЗА БУГАРСКИОТ ПОТЕГ: „Тоа е апсурден и глупав став“

СЕ ОГЛАСИ ПЕСКОВ ЗА БУГАРСКИОТ ПОТЕГ: „Тоа е апсурден и глупав став“

МАКЕДОНИЈА СТАНАЛА ЧЛЕНКА НА НАТО БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЗРЕЛИ ПОЛИТИКИ И МУДРИ ЛИДЕРСКИ ОДЛУКИ: Еве што се зборуваше на средбата меѓу Ковачевски и О’Брајан

МАКЕДОНИЈА СТАНАЛА ЧЛЕНКА НА НАТО БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЗРЕЛИ ПОЛИТИКИ И МУДРИ ЛИДЕРСКИ ОДЛУКИ: Еве што се зборуваше на средбата меѓу Ковачевски и О’Брајан

„ОПАСНА ГЛУПОСТ НА НЕКОЈ ШЕГАЏИЈА ВО СТРУКТУРИТЕ НА МОЌ “ - Захарова вака ја коментира забраната рускиот авион да прелета преку бугарскиот воздушен простор

„ОПАСНА ГЛУПОСТ НА НЕКОЈ ШЕГАЏИЈА ВО СТРУКТУРИТЕ НА МОЌ “ - Захарова вака ја коментира забраната рускиот авион да прелета преку бугарскиот воздушен простор

ЦРВЕН ТЕПИХ ПРЕД „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“: Еве како Османи ги пречекува гостите

ЦРВЕН ТЕПИХ ПРЕД „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“: Еве како Османи ги пречекува гостите

ФАТАЛЕН ПОЖАР СО ЖРТВА, ЗАПАЛЕНИ ВОЗИЛА, ОПАСНИ ШТЕТИ ОД СИЛЕН ВЕТЕР, ПОПЛАВЕНИ ПРОСТОРИИ...Еве што регистрирал телефеонот на ЦУК

ФАТАЛЕН ПОЖАР СО ЖРТВА, ЗАПАЛЕНИ ВОЗИЛА, ОПАСНИ ШТЕТИ ОД СИЛЕН ВЕТЕР, ПОПЛАВЕНИ ПРОСТОРИИ...Еве што регистрирал телефеонот на ЦУК