ChatGPT СЕРИОЗНО „ПРОТЕЧЕ“ И ЗАТОА МОРАЛЕ ДА ГО ГАСАТ - корисниците можеле да видат доверливи разговори на други, OpenAI тврди дека се мал број
Објавено во: Економија 25 Март, 2023
„OpenAI“, компанија која стои зад виралниот чет-бот „ChatGPT“, соопшти дека вештачката интелигенција споделува разговори и доверливи податоци меѓу корисниците на платформата и дека тоа е главната причина за нејзиното исклучување во понеделникот.
- Го симнавме ChatGPT во понеделникот за да поправиме грешка во една од библиотеките со отворен код што им овозможи на корисниците да ги видат насловите на разговорите на другите корисници. Преку нашата истрага, заклучивме дека протекоа и доверливите податоци на околу 1,2 отсто од корисниците на ChatGPT Plus, објави компанијата на својот Твитер профил.
Според компанијата, бројот на корисници чии податоци биле споделени со други корисници на платформата е „исклучително мал“ и сите засегнати се опширно контактирани.