Чавков и другите ги добија пресудите за 27 април, одбраната може да подготвува жалби
Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2019
Митко Чавков, поранешниот директор на БЈВ, и останатите осудени за упадот во Собранието на 27 април, ги добиле првостепените одлуки на судот, што значи дека нивната одбрана може да поднесе жалба до Апелација за пресудите во наредните 15 дена.
Покрај Чавков на 18 години, осудени беа Митко Пешов 15 години, Душко Лазаров 15 години, Горан Ѓошевски Леви 15 години, Оливер Поповски 13 години, Оливер Радулов 10 години, Мумир Пепиќ 15 години, Абдулфетах Алими 7 години, Младен Додевски 12 години, Јане Ченто 15 години, Горанчо Ангеловски 12 години, Игор Југ 12 години, Влатко Трајковски 15 години, Вилијам Михајловски 14 години, Никола Митревски Кољо 15 години, Александар Василевски Нинџа 8 години, кои во моментов се притворени во истражниот затвор Шутка откако беа осудени за „терористичко загрозување на уставниот поредок“.
- Одбраната е во понеповолна ситуација, бидејќи има само 15 дена да ја прочита пресудата и да напише жалба, а на судот му беа потребни повеќе од 90 дена да ја напише пресудата, вели за Пресинг Тв, адвокатот Звонко Давидовиќ.
Останува да се види дали и обвинителството ќе поднесе жалба доколку е незадоволно од висионата на одредената санкција.