19 Април, 2024
0.0265

Чавушоглу до амбасадорот Муцунски: Зошто го променивте името, кога не добивте датум од ЕУ?

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2019

Добивај вести на Viber


Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, на вчерашниот голф-турнир помеѓу бизнисмените и дипломатите во Анкара му се обратил јавно на македонскиот ополномоштен и вонреден амбасадор Звонко Муцунски и го запрашал зошто Македонија го променила името, кога не добила покана за преговори од ЕУ, пренесуваат турските медиуми.

„Амбасадорe на Македонија, се извинувам пред грчките пријатели, сепак велам Македонија. Зошто го сменивте името? За да бидете член на НАТО и да започнете преговори и да бидете прифатени во ЕУ. Како НАТО го исполнивме ветувањето и ве поканивме. За жал ЕУ не успеа да остане на ветувањето. Вие не добивте датум за преговори, тоа не е во ваша корист. Амбасадорот Звонко Муцунски соработува и навистина помага, благодарам “, рече Чавушоглу говорејќи на церемонијата на  доделувањето на наградите. По неговиот говор ги претстави трофеите и медалите и беше направена комеморативна фотографија

„Третиот дипломатски и бизнис голф турнир“ се одржа под спонзорство на „Туркиш ерлајнс“, чиј домаќин беше Министерството за надворешни работи на Турција. Амбасадорите и бизнисмените од различни земји учествуваа на турнирот што се одржа во Националниот клуб за голф.

Шефот на турската дипломатија е во фокусот на светското внимание откако пред неколку дена го обвини францускиот претседател Емануел Макрон за спонзорирање на тероризмот. Тој порача дека Макрон сакал да биде лидер на Европа, но се „занишал“. Минатиот месец Макрон ја налути Турција со тоа што беше домаќин на официјален претставник на сириските демократски сили, предводени од Курдите. Турција ја гледа таа група како терористичка.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?