25 Април, 2024
0.0289

Чекајќи го ваучерот, дочекавме бојкот

Објавено во: Економија 17 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Партиско коалициски пазарења, рамковни квоти, дискриминаторски однос кон клубови од различен ранг, неосновани ветувања на состаноци од типот „ќе биде се во ред”, итни заседанија во федерации, поддршки и осуди, клупски бојкоти во најава на идни прес конференции.Како се успеа во сето ова, од позитивна мерка во делот на финансирање во спортот, да се доведе во прашање почеток на одредена натпреварувачка сезона во повеќе спортови од различен ранг и категорија на натпреварување?

Едноставно - ќе ги искомплицираш нештата до максимум и секое решавање на проблем носи серија на нови и уште потешки, кои не се кријат под тепих, туку напротив, стануваат повидливи и често нерешливи.

Во 2016 година беше донесена законски утврдена можност компаниите, како потенцијални спонзори во спортот, да вложуваат во спортски клубови од делот на данокот на добивка кој треба да го платат на државата која, откажувајќи се од овие средства, индиректно стимулира финансиска помош во спортот и им олеснува на спортските клубови во наоѓање на сериозни спонзори и обезбедување на поголем буџет. На тој начин се создава поголема заинтересираност на правните лица одредени финансиски средства од односниот данок да ги наменува во вложување и спонзорирање во спортот, имајќи предвид дека истите секако мора, врз основа на закон, да ги уплати во државната каса. Одлична можност на секое правно лице дел од данокот на добивка наместо да го плати на државата, истиот да го искористи како спонзорство во спортски клуб.

Донесувањето на оваа мерка ги отвори трките на управните одбори на спортските клубови во привлекувањето на спонзори. Во зависност од квалитетот и компетентноста на одговорните лица, од менаџерските способности на управите, од спортските програми и нивната оправданост и исплатливост, од можноста за спортски развој како јавен интерес подржан од општествено одговорните компании, секој клуб доби дополнителна можност да го зголеми својот буџет. Со оваа мерка, без разлика на рангот на натпреварување, без разлика дали станува збор за сениорски или пак младински клуб, сите спортски субјекти беа еднакви во остварувањето на своето право утврдено со закон.

Проблемите започнаа да се појавуваат по серијата на законски измени и дополнувања во однос на можноста на користење на овие средства, при што Државниот орган на управата од областа на спортот, Агенцијата за млади и спорт, донесе дополнителни критериуми во можноста на спортските клубови да го остварат своето, за мноштвото веќе изгубено, право. Сакајќи да ја ограничи висината на вкупните средства кои потенцијално би се слеале во спортот по основ на оваа мерка, таканаречена „ваучер”, Агенцијата за младии спорт направи директна дискриминација на голем дел од клубовите, не давајќи им ја можноста да учествуваат во остварувањето на своето претходно добиено право во однос на користење средства од данокот на добивка на компаниите како потенцијални спонзори. Мал дел од спортските клубови кои ги исполнуваат новите критериуми дојдоа до повластена ситуација, а во сенка останаа дел од новите прволигашки клубови и сите кои се натпреваруваат во пониските рангови, како и младинските клубови, лишени од можноста за обезбедување на финансиски средства која ја имаат дел од нивните спортски противници. Освен прашањето „каде е еднаквоста и фер плејот”, се поставуваат неколку прашања во истата насока:

Дали критериумите фаворизираат односно дискриминираат одредени спортски клубови?

ДА, можноста на обезбедување на средства од оваа мерка треба да се остави на способноста на менаџерските способности на клубовите, а не да биде одлука на орган кој носи критериуми врз основ на кои одредени клубови имаат право кое другите не можат да го остварат. Давајќи ја можноста на поголемите клубови да формираат поголеми буџети е позитивно, но тоа право не смее да се одземе на останатите. На тој начин разликата во можноста за финансиско функционирање се зголемува, со тоа и конкурентноста, при што одредени клубови имаат повластен статус, на сметка на помалите. Тоа ќе предизвика инертност кај повластените, а од друга страна неконкурентност и незаинтересираност кај помалите, што значи пад на квалитетот и масовноста.

Дали ограничувањето на вкупната сума има ефект?

НЕЗНАЧАЕН, бидејќи делот од данокот на добивка кој потенцијално би можел да биде искористен во односната цел, имајќи ја предвид реализацијата на „ваучерите”, е дури и помал. Најголем дел од повластените клубови со ваучер им е дадена одредена сума која можат да ја ефектуираат и истата не можат да ја искористат, односно не нашле правно лице со кое би можеле да направат договор за искористување на средствата, а истовремено на другите клубови не се дава иста можност, па оттаму и изгубени средства, средства кои би можеле да бидат слеани во спортот си заминуваат како виртуелни пари

Како е можно да се дава различна дозволена сума на ваучер на клубови кои се натпреваруваат во иста лига?

ФАВОРИЗИРАЊЕ, бидејќи директно се влијае врз можноста на обезбедување на буџет во иста сезона, на спортски конкуренти во ист ранг на натпреварување. Доколку целта е награда за постигнат успех, тоа не смее да биде од оваа мерка, туку од друг фонд.

Дали се фаворизираат одредени спортови?

ДА, бидејќи критериумите се однесуваат на одредени специфики кои се различни во секој спорт. Критериумите директно влијаат на висината на средствата за определени спортови, наместо тоа да се остави како избор на компаниите, односно на менаџерските способности на клубот. Доколку целта е зголемување на финансиски средства во одреден спорт кој е популарен или има посебни достигнувања, повторно, тоа треба да се стимулира од друг фонд, а не со оваа мерка.

Како заклучок може да се изведе дека ваквата мерка, иницијално донесена како спонзорирање со олеснување преку данокот на добивка, подоцна изменета и дополнета со критериуми кои прават дискриминација на голем дел од клубовите по основ на рангот и специфичноста на спортот, не ја дава основната цел, особено по несогласувањата за одредени решенија во рамките коалициската власт. Наместо прогрес и развој, оваа екскурзија ќе заврши со бојкот на натпреварувачката сезона од страна на обесправените клубови, исклучиво поради одземањето на еднаквоста и конкурентноста предизвикано со модифицирањето на една добра намера, сега позната под името “ваучер”. Единствена шанса истата да профункционира е враќањето во сила во форма и облик како што првенствено беше донесена.

Влатко Неделковски, доцент доктор на Факултет за физичко образование спорт и здравје и претсетедател на Комисијата за спорт на ВМРО-ДПМНЕ


Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ