Честичките од загаден воздух го оштетуваат мозокот?
Објавено во: Свет 14 Ноември, 2019
Ново истражување за првпат ги поврза наночестичките од загадениот воздух со карциномот на мозокот.
Ултраситните честички (УФП) се создаваат со согорување гориво, особено кај дизел-возилата, а поголемата изложеност значително ги зголемува шансите луѓето да добијат смртоносен карцином. Претходната работа покажа дека наночестичките можат да влезат во мозокот и дека можат да носат канцерогени хемикалии, вели Гардијан.
Ракот на мозокот е редок, а научниците пресметале дека зголемувањето на изложеноста на загадување, на пример, кога се селите од мирна градска улица во улица со густ сообраќај, доведува до плус еден случај на карцином на мозокот на секои изложени 100.000 лица.
Во истражувањето биле анализирани медицинските записи и изложеноста на загадување на 1,9 милиони возрасни Канаѓани од 1991 до 2016 година. Ваквите големи студии даваат цврсти докази, иако не и причинско-последична врска. Вајхентал вели дека поврзаноста што се гледа помеѓу ракот на мозокот и наночестичките е „изненадувачки постојана“, но затоа што ова е прва студија, важно е другите истражувачи да продолжат да истражуваат.Во еден сеопфатен глобален преглед претходно во 2019 година беше заклучено дека загадениот воздух може да му наштети на секој орган и буквално на секоја клетка во човечкото тело.
фото Википедија