14 Декември, 2024
0.2183

ЧЕСТИТКИ ОД ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА ТИРЗ ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗА ВЛЕГУВАЊЕТО НА АБЕЕ ВО КИЧЕВО: „Влада го продолжува тоа што го започнавме“

Објавено во: Економија 14 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Поранешниот директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски зони, Јован Деспотовски во изјава за Фактор упати шеститки за влегувањето на белгиската компанија во ТИРЗ Кичево, нагласувајќи дека континуитетот во реализацијата на вакви стратешки инвестиции е клучен за просперитетот на нашата земја.

-Им честитам на "Авеста Батерис енд Инжинеринг" (АБЕЕ) за официјалниот почеток на градежните работи во ТИРЗ Кичево. Особено ме радува што реализацијата на проектот се одвива според договорените рокови од Договорот за инвестиција, кој го потпишавме во мај 2023 година. Оваа инвестиција, со вкупна вредност од 40 милиони евра, претставува важен чекор за развој на регионот, носејќи над 600 нови работни места за нашите сограѓани. Ваквите проекти имаат директно влијание врз подобрување на животниот стандард на населението и отвораат нови перспективи за локалната економија. Она што е особено позитивно е дека новата Влада го продолжува тоа што го започнавме. Континуитетот во реализацијата на вакви стратешки инвестиции е клучен за просперитетот на нашата земја. Ова покажува дека кога во работата ја ставате Македонија на прво место, придобивките се за сите граѓани. Посакувам успешна и брза реализација на овој проект, со надеж дека истиот ќе биде пример за многу други инвеститори кои веќе ја препознааваат Македонија како стабилна и атрактивна бизнис дестинација, вели Деспотовски во изјавата.

Вчера, премиерот Христијан Мицкоски ја фрли лопатата на поставувањето на камен-темелникот од новата инвестиција.

„Avesta Battery and Energy Engineering“ е компанија која се занимава со развој, производство и инженеринг на батериски системи, особено за електрични возила и обновливи извори на енергија. Компанијата е позната по својата работа во производството на електрични батерии и нивните компоненти, како и во обезбедувањето на енергетски решенија за транспортот на иднината, посебно за автомобили на електричен погон.

Тие се дел од поширокиот тренд на глобално преминување на возила со нулта емисија, што ја охрабрува иновацијата во индустријата на батерии и енергија. Изборот на Македонија како локација за изградба на фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона Кичево може да се толкува како дел од стратегијата на компанијата да се позиционира на растечкиот пазар на електрични возила во Европа и светот, како и да се искористат поволности во врска со локалните инвестиции и пристапот до Европската унија.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

BLACK ROCK ДАВА СОВЕТ КОЛКУ ПАРИ ДА СЕ ИНВЕСТИРААТ ВО БИТКОИН: Криптовалутата рамо до рамо сонајсилните – Nvidia, Amazon или Apple

BLACK ROCK ДАВА СОВЕТ КОЛКУ ПАРИ ДА СЕ ИНВЕСТИРААТ ВО БИТКОИН: Криптовалутата рамо до рамо сонајсилните – Nvidia, Amazon или Apple

Врховен суд ќе го разгледува предметот според кој Телеком треба да плати 4 милиони оштета на човек фирма

Врховен суд ќе го разгледува предметот според кој Телеком треба да плати 4 милиони оштета на човек фирма

ГАЗДИТЕ ТРЕБА ДА ИСПЛАТАТ К-15: Koлку ќе изнесува годинава?

ГАЗДИТЕ ТРЕБА ДА ИСПЛАТАТ К-15: Koлку ќе изнесува годинава?

СВЕТСКА БАНКА: Потребно е постепено зголемување и изедначување на возраста за пензионирање

СВЕТСКА БАНКА: Потребно е постепено зголемување и изедначување на возраста за пензионирање

ХУЛМАН: Имаме инвестирано многу во Северна Македонија за да го поддржиме дуалното стручно образование

ХУЛМАН: Имаме инвестирано многу во Северна Македонија за да го поддржиме дуалното стручно образование

„АЛКАЛОИД“ ЌЕ ГРАДИ ФОТОВОЛТАИЧНА ЦЕНТРАЛА, ЌЕ ПОКРИВА ДО 85 ОТСТО ОД ПОТРЕБИТЕ ЗА СТРУЈА - регистрирано друштвото „Алкалоид енергетика“

„АЛКАЛОИД“ ЌЕ ГРАДИ ФОТОВОЛТАИЧНА ЦЕНТРАЛА, ЌЕ ПОКРИВА ДО 85 ОТСТО ОД ПОТРЕБИТЕ ЗА СТРУЈА - регистрирано друштвото „Алкалоид енергетика“

СЕ ПРОШИРИ ЛИСТАТА НА ПРОИЗВОДИ ВО „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЦА“: над 900 продукти од 15 декември ќе се продаваат по пониска цена

СЕ ПРОШИРИ ЛИСТАТА НА ПРОИЗВОДИ ВО „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЦА“: над 900 продукти од 15 декември ќе се продаваат по пониска цена

Мицкоски фрли лопата, почна изградбата на фабриката на „Авеста“

Мицкоски фрли лопата, почна изградбата на фабриката на „Авеста“

ПОЧНАЛ КАКО РИБАР, А НЕМАЛ НИТУ СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ЗАВРШЕНО: Сега за милијардерот од Скандинавија се гради наголемиот истражувачки брод

ПОЧНАЛ КАКО РИБАР, А НЕМАЛ НИТУ СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ЗАВРШЕНО: Сега за милијардерот од Скандинавија се гради наголемиот истражувачки брод