Честитки за Скопје и од Приштина, за Тачи Албанците одиграле клучна улога
Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2019
Политичките лидери во Приштина му честитаа на Скопје и премиерот Зоран Заев за усвојувањето на уставните измени за промена на името на земјата во Република Северна Македонија.
Од Приштина ги истакнуваат заслугите на албанските пратеници во Собранието за донесувањето на таа одлука. Косовскиот претседател Хашим Тачи на Фјесбук напиша дека Македонија направила голем исчекор наред, отворајќи перспектива на политичката стабилност, продолжение на реформи и интеграција на земјата во северо-атланските институции.
-Нивната одлука не беше ниту малку лесна, ни популистилка, но беше праведна одлука, која ги надминува партиските интереси за државата и нејзините граѓани. 2019 година треба да биде година на гоелми одлуки и за Косово, година кога ќе се заврши вековниот конфликт меѓу Косово и Србија, со постигнување на сеопфатен договор-напишал Тачи на Фејсбук.
Претседателот на Собранието Кадри Весели оценил дека оваа одлука на Собранието ќе го забрза процесот на зачленување во НАТО на сите земји од регионот и им се заблагодарил на албанските пратеници кои дале значаен допринос во донесување на оваа одлука.
Како голем чекор за Македонија оваа одлука ја оцени и премиерот Рамуш Харадинај, кој му честиташе на премиерот Зоран Заев „на прозападната визија“ и на Албанците во Македонија кои „имале клучна улога во овие промени“.
Тој додал дека „овој значаен настан за Западен Балкан, е надеж дека регионот оди кон траен мир“.