21 Мај, 2025
0.0281

ЧЕСТО НА ЗАПАД, РЕТКОСТ КАЈ НАС: Дали би читале книга на јавно место?

Објавено во: Македонија 27 Април, 2025 07:37

Добивај вести на Viber

Во западните земји за луѓето не е нешто невообичаено да седнат на јавно место и да читаат книга. Практикуваат да читаат книги, списанија, весници додека се во јавен превоз, во кафуле, во парк и слично. Но, вакво нешто многу ретко ќе сретнеме во земјава.

Младите кои патувале во странство, раскажуваат дека среќавале луѓе кои читаат додека се излезени надвор.

„Кај нас е реткост, постари луѓе со весници има во паркови, а помлади не. Во Германија, а и да не одиме подалеку, во Белград имам видено дека седат и читаат нешто. Еве и во Софија во Бугарија имам видено да читаат во кафуле. Јас работам онлајн, некогаш седнувам да работам во кафуле и на луѓето им е чудно, кога ќе видат дека некој седи сам“, раскажува Сандра Петровска, граѓанка.

Друга анкетирала девојка вели дека никогаш не видела некој во Македонија да чита на јавно место.

„Јас читам многу, читам дома и ми се чудат што воопшто читам. Луѓето не ни читаат, не пак да читаат на јавно место. Во Бугарија кога сум одела, сум видела дека читаат и списанија. Сега и списанија се поретко се печатат. До менталитетот е, и до фактот дека се појави модерната технологија, компјутери“, рече Билјана Цветковска, граѓанка.

Друга постара жена вели дека во европските метрополи видела како луѓето читаат на јавно место и никој на тоа не гледа како на нешто чудно.

„Во Прага, во Виена сум видела дека читаат на јавни места и тоа постари луѓе. За Бугарија сум чула дека е така. Јас ако отидам сама во парк, ако нема никој, можам да седнам и да читам. Книгата е книга, а телефонот е телефон и не е исто. Ние изгубивме навика за книга, литература“, рече Билјана Андоновска, граѓанка.

Ивана Танев, авторка на неколку книги која живее во Германија, вели дека таму луѓето практикуваат да читаат книги секаде и тоа ги поттикнува и другите да го прават истото.

„Тука е нормално тоа, секој чита, кој во воз, кој во парк, кој на клупа седи и чита, кој во кафиле седи, пие кафе и си чита весник или било што. Тоа е секојдневна активност. Тоа го практикуваат луѓето за време на пиење на кафе, чај и слично. И самата околина каде што живееме, те тера да се вклучиш во таа атмосфера. Јас знам по себе. Секогаш кога имам слободно време, пред работа,  за време на паузите, наместо да седам по Фејсбук, земам нешто да читам, ако имам некоја книга која не ми е довршена, или ако имам нешто да допишам, нешто ново. Самата околина ме тера да го сменам погледот во тој аспект. Кај нас можеби е тоа нешто поразлично, луѓето не гледаат на тоа така како овде, меѓутоа самата околина те тера да го смениш погледот на работите. Има и одлична библиотека ако можам така да ја наречам во паркот и тука има повеќе жанрови на книги, има и книги за деца, така што луѓето кога ќе излезат во парк, можат да читаат или исто можеш да донираш книга, да земеш дома да ја читаш, па да ја вратиш, без никакви членства, тоа така функционира“, рече Танев.

Во светски рамки, Американците, Индијците и Британците најмногу читаат книги.  Лани македонските граѓани во просек прочитале по 4 книги, покажува статистиката на worldpopulationreview и се меѓу земјите со слаб резултат.

Сања Атанасовска

naslovna foto freepik.com/EyeEm

Можеби ќе ве интересира

АКЦИЈА „БУНКЕР“, ОЈОГОКК ОБЕЗБЕДИЛО ДОКАЗИ ПРОТИВ КРИМИНАЛНАТА ГРУПА БЕЛАНОЦА-БАРОН: Од утринава се претресуваат пет локации во Скопје

АКЦИЈА „БУНКЕР“, ОЈОГОКК ОБЕЗБЕДИЛО ДОКАЗИ ПРОТИВ КРИМИНАЛНАТА ГРУПА БЕЛАНОЦА-БАРОН: Од утринава се претресуваат пет локации во Скопје

НЕМА ВЕЌЕ ЧЕКАЊЕ СО СААТИ НА ЕВЗОНИ: Грција итно надградуваат, ќе се забрза преминувањето на границата

НЕМА ВЕЌЕ ЧЕКАЊЕ СО СААТИ НА ЕВЗОНИ: Грција итно надградуваат, ќе се забрза преминувањето на границата

„ДОГОВОРОТ СО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО ДОАЃА КАКО УТЕШНА НАГРАДА“: Величковски за договорот за партнерство

„ДОГОВОРОТ СО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО ДОАЃА КАКО УТЕШНА НАГРАДА“: Величковски за договорот за партнерство

„РЕШИВ ДА НЕ ЛЕГИТИМИРАН ЦИРКУС“: Фетаи вели остануваат во Влада

„РЕШИВ ДА НЕ ЛЕГИТИМИРАН ЦИРКУС“: Фетаи вели остануваат во Влада

„ТРЕБА И ОТКАЗИ ДА ИСФРЧАТ ИСТО ТАКА“: Д-р Лазаров вели, потребен ни е само шатл сервис за пациенти и персонал

„ТРЕБА И ОТКАЗИ ДА ИСФРЧАТ ИСТО ТАКА“: Д-р Лазаров вели, потребен ни е само шатл сервис за пациенти и персонал

НЕМА КАДЕ ДА НЕ ПРЕМИЕ ДОКТОРКАТА: Повреден од Кочани сведочи за состојбата во кочанската болница

НЕМА КАДЕ ДА НЕ ПРЕМИЕ ДОКТОРКАТА: Повреден од Кочани сведочи за состојбата во кочанската болница

ВО 2023 СОБРАНИЕТО ИЗГЛАСАЛО СУДИЈА НА АРТАН И ДУИ БЕЗ РАЗГЛЕДУВАЊЕ ДРУГИ НОМИНАЦИИ: Меџити открива скандалозен избор на судија

ВО 2023 СОБРАНИЕТО ИЗГЛАСАЛО СУДИЈА НА АРТАН И ДУИ БЕЗ РАЗГЛЕДУВАЊЕ ДРУГИ НОМИНАЦИИ: Меџити открива скандалозен избор на судија

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Постои можност да удри и град

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Постои можност да удри и град