28 Март, 2024
0.0364

ЧЕСТО СТЕ НЕСРЕЌНИ: Прочитајте го патот до среќата во 5 минути на ден

Објавено во: Стил 11 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Во современиот свет справувањето со стресот е важнa вештина. Но при натоваренoто секојдневие што повеќето од нас го имаат, тешко е да најдеш време за себе.

Има, меѓутоа, една 5-минутна рутина која е добро да ја правите во денот. Тоа ќе ви помогне да се релаксирате, да се окупирате со позитивни работи и на крајот да сте посреќни.

Првично делот со визуелизација може да ви се види малку тежок, но не се откажувајте. Мислете си за местото на кое би се чувствувале најсреќни - може да е плажа со бел песок и палми или пак планинска куќичка со зеленило околу вас и мирно катче. Колку почесто си мислите за убави работи, толку појасна ќе станува сликата и ќе провоцира радосно чувство кај вас.

И така, што да направите во тие 5 минути? Осигурете се дека никој нема да ви пречи. Тоа е време само и единствено за вас. Во текот на две минути предајте им се на дишни вежби - земете длабоко воздух преку устата, држете го здивот 10 секунди и полека издишете само преку носот. Повторете го тоа онолку пати колку ви дојде времето во рамките на двете минути.

Во следната една минута и се предавате на визуелизација на целите и начините за нивно остварување. Замислете си како ќе се чувствувате кога веќе сте ги извршиле вашите задачи.

Останатото време посветете го на визуелизација за вашето „среќно“ место - она ​​каде што се чувствувате најспокојни. Ова ќе ви ја турнам вознемиреноста од умот.

Правете ја рутината секој ден и наскоро ќе почувствувате промена во севкупното расположение и однос кон секојдневните проблеми.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи