Четири града средно загадени, другите дишат
Објавено во: Македонија 06 Декември, 2018
Четири града денеска во земјава се средно загадени, а другите дишат.
Ова може да се забележи од податоците од мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Средно загадени се Куманово, Тетово, Кичево и Струмица.
Само Кичево има 37 ПМ на 100 микограми, а другите се под 30.
Битола, Дебар, Кавадари и делови од Скопје се ниско загадени, а многу ниско се загадени Велес, и Кочани.