19 Април, 2024
0.0262

Четири столба за имплементација на агендата на КИФ - Методологија за работа на КИФ (I)

Објавено во: Мои пари 04 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Со цел забрзување на процесите и интензивирање на имплементацијата на точките зацртани во агендата за работа на КИФ, а во пресрет на потребните измени коишто беа неопходни да се спроведат во структурата на КИФ, на иницијатива на потпретседателот на КИФ, г-дин Бранко Азески, на состанок на Управниот одбор на почетокот на оваа година, едногласно се донесе одлука за спроведување на оперативен план со конкретни мерки, изразени во четири столба со заеднички активности на шесте комори од земјите на Западен Балкан.

Првиот од овие четири столба ги опфаќа следните мерки:

I. Формирање на тимови за реализација на активностите и координација на работата на експертите во рамки на Коморите од КИФ.

Со цел операционализација на активностите на КИФ, и поефикасно спроведување на истите во изминатиот период во рамки на КИФ се формираше и оперативен тимсоставен од претставници од Коморите- по едно задолжено лице / национален координатор- експерт за координација на сите активности на КИФ - и лица директно вработени во Секретаријатот на КИФ во Трст. Овие лица се експерти во дадени области, одговорни за реализација на одредени активности поврзани со КИФ, согласно нивната експертиза. Оперативниот тим е под раководство на канцеларијата во Подгорица, којашто воедно е и седиште на Управниот одбор на КИФ, а сите активности се директно координирани од потпретседателот на Коморскиот инвестициски форум, г-дин Бранко Азески.

Вака поставениот оперативен тим е задолжен за : координирање на оперативното работење на Управниот одбор, закажување седници, подготовка на материјали, планирање на активностите и информирање на членовите на УО за реализираните активности, комуникација со надлежни институции, подготовка на материјали за реализација на одредени активности согласно нивната експертиза и др.

Покрај оперативниот тим, во функција е ставен и тим составен од експерти за имплементација на проектните активности. За секој одделен проект што се имплементира во рамките на КИФ, именувани се посебни лица од редот на вработените во Коморите коишто раководат со проектот во координација со Секретаријатот на КИФ во Трст. На овој начин координацијата и имплементацијата на секој проект засебно се одвива поефикасно и поефективно. Тимот за проектни активности е координиран од страна на претседателката на Унијата на комори за трговија и индустрии на Албанија Инес Мукостепа во директна соработка со Секретаријатот на КИФ со седиште во Трст.

Со цел креирање заеднички производи и услуги за компаниите од земјите на Западен Балкан за олеснување на нивната работа и спроведување поефикасно поврзување на бизнисите од регионот за заеднички настап на трети пазари, воспоставен е и посебен тим за креирање и спроведување на производи и услуги. Тимот е координиран од страна на претседателот на Стопанската комора на Црна Гора, г-дин Властимир Голубовиќ и претседателот на Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина, г-дин Ахмет Егрлиќ., во соработка со националниот координатор од комората на Босна и Херцеговина.

Во рамки на КИФ активно функционира и лоби тимот, а истиот е координиран од страна на претседателот на Коморскиот инвестициски форум којшто воедно е и претседател на Стопанската комора на Србија, г-дин Марко Чадеж и претседателот на Стопанската комора на Косово и активен член на управниот одбор на КИФ, г-дин Берат Рукичи во соработка со генералниот секретар на КИФ, г-дин Сафет Герџалиу. Лоби тимот има за цел да воспостави соработка со државните институции во земјите од Западен Балкан и да иницира активно спроведување на активностите зацртани во агендата на Коморскиот инвестициски форум.

Продолжува...


м-р Сања Николова, 
стручен соработник во Стопанската комора на Македонија


Можеби ќе ве интересира

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ