19 Април, 2024
0.0265

Четири столба за имплементација на агендата на КИФ (II)

Објавено во: Мои пари 11 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Институционално вмрежување, креирање продукти и услуги, обезбедување дополнителни финансиски средства (II)

Како што веќе претходно споменав, на иницијатива на потпретседателот на КИФ, Бранко Азески, на состанок на Управниот одбор на КИФ на почетокот на оваа година, едногласно беше донесена одлука за спроведување оперативен план со конкретни мерки, изразени во четири столба со заеднички активности на шесте комори од земјите на Западен Балкан.

Во преостанатите три столба предвидени се следните мерки:

II. Вмрежување на институциите во регионот на Западен Балкан

Вмрежувањето на институциите на регионално ниво се одвива во соработка на регионални експерти кои добро го познаваат законодавството на земјите од Западен Балкан, со цел да се креира иницијатива прифатлива и образложена на регионално ниво. Со оглед на тоа што во моментот се работи на формирање заеднички регионални институции, поради различните правни системи во сите шест земји, ангажирање на надворешни регионални експерти е од особена важност.

Институционално се работи на:

- формирање министерства за регионален развој во владите на секоја од земјите на Западен Балкан;

- воспоставување арбитражна институција на регионално ниво;

- формирање регионални кредитни бироа.

III. Подготовка на заеднички регионален производ и формирање заеднички услуги

Преку вмрежување на бизнис заедниците од Западен Балкан и претставување на сериозни компании кои сакаат да соработуваат со партнери од регионот, ќе се креира заеднички производ за полесен пласман на европскиот пазар, но и на пазарите на Блискиот Исток и МАГРЕБ.

Со формирање работен тим, составен од по еден експерт од коморите, во моментот се спроведува анкетен прашалник меѓу компаниите од шесте земји, со цел да се идентификува кои услуги им се потребни на компаниите во регионот, како, на пример, заеднички настапи на саеми, заеднички проектни активности на странски пазари, присуство на билатерални средби во странство како дел од делегациите на премиерите од шесте земји, и др. Овие активности ќе резултираат со креирање посебни пакет-услуги коишто коморите ќе ги обезбедат за компаниите кои работат и дејствуваат на регионално ниво.

За ефикасно спроведување на овие активности е задолжен посебен тим за креирање и спроведување на производи и услуги, координиран од страна напретседателот на Стопанската комора на Црна Гора, Властимир Голубовиќ, како и претседателот на Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина, Ахмет Егрлиќ., во соработка со националниот координатор од Комората на Босна и Херцеговина.

IV. Дополнително финансирање на КИФ

Заради обезбедување одржливост на работењето на КИФ, покрај обезбедување средства со проектните активности, преку соработка со најмалку три компании од регионот, лидери во својата област преку склучување меморандуми за соработкаќе се воспостави стратешко партнерство меѓу КИФ и компаниите, а за возврат компаниите ќе обезбедат спонзорство за работењето на КИФ. Компаниите со коишто преговорите за склучување ваков вид партнерски договори се во тек, се од банкарскиот и финансискиот сектор, од услужните дејности и индустрискиот сектор каде што предвид се земени компании регионални лидери и најголеми дистрибутери во регионот.

Коморскиот инвестициски форум (КИФ) активно работи на спроведување на мерките дефинирани во четирите столба и до крај на годината со помош на коморските капацитети, но и со поддршка од владите на шесте земји од регионот на Западен Балкан, истите ќе бидат ефективно имплементирани.

   

м-р Сања Николова, 
стручен соработник во Стопанската комора на Македонија

Можеби ќе ве интересира

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023