ЧЕТИРИГОДИШНИ БЛИЗНАЧИЊА СЕ НАЈМЛАДИТЕ ЖРТВИ ОД ИЗЛЕТАНИОТ АВТОБУС, најстариот патник имал 63 години
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2021
Најмладите патници од излетаниот македонски автобус имале само по четири години. Станува збор за дечиња близначиња родени во 2017 година.
Дел од медиумите веќе ги објавија и нивниот идентитет.
Најстариот патник има 63 години. Роден е во 1958 година. Според информациите, најголем дел од патниците се родени меѓу 1971 и 2004 година.
Во тешката сообраќајка ноќта на автопатот Струма загинаа 45 лица, а седум се повредени.